Професионал е3

 

 

Од светскиот лидер во производството на опрема за мерење HBM - Hottinger Baldwin Messtechnik нудиме:


Вагарски компоненти

Нудиме компоненти за електронски ваги од реномираниот производител HBM. Широк спектар на мерни ќелии, платформски мерни ќелии, модули за мерни ќелии, вагарска електроника, додатен прибор и дигитални мерни ќелии со софтвер за поддршка кои ќе ви помогнат секогаш да ја добиете вистинската мерка.

Мерни ленти и прибор

Тензометриски мерни ленти и прибор со чија помош можете експериментално да го утврдите оптоварувањето на конструкција / составен дел или да направите сопствен давач (сила, вибрации, дилатометри).

Давачи

Нудиме широк спектар на давачи за сила, притисок, вртежен момент, поместување, вибрации...

Универзални мерни засилувачи и софтвер

Без разлика дали се работи за мобилна аквизиција, мерење во индустриски погон или во лабораторија, универзалните мерни засилувачи и софтверот ќе ви го олеснат мерењето во однос на која било физичка големина.


 

Покрај тоа, во соработка со нашиот партнер TRCpro од Нови Сад, Србија можеме да ви помогнеме и во други области на мерење:


Бучава и вибрации во човечката средина

Мерењето на бучава и вибрации стана многу важно во денешно време. Од едноставна дозиметрија на бучавата и вибрациите до комплексни системи за акустично мапирање.

Покрај мерењето на бучава и вибрации поврзани за човекот, денес овие мерења стануваат важен параметар за оценка на квалитетот на производите. Мерењето на интензитетот на бучава, мерењето на звучната моќ, квалитетот на звукот, акустична холографија, се само некои од термините кои денес опфаќа NVH (Noise, Vibration and Harshness).

Вибродијагностика и предвидливо одржување

Целосен асортиман на опрема која ќе ви овозможи да ги избегнете непланираните прекини во производството. Системи за on-line и off-line вибродијагностика. Експертски системи и софтвер за интерактивна обука.


Системи за ласерски геометриски мерења

Системи за ласерско порамнување и центрирање на вратила и оски на ротациони машини, геометриски мерења на машини за обработка на метал, мерење на правост, рамност, паралелелност, центричност... Сè може да биде интегрирано во еден систем за мерење.

Термовизија

Секој ден се откриваат нови области на примена на термовизиската опрема. Можеме да понудиме комплетна палета на термовизиски уреди од OEM сензори до камера со висока резолуција и широк опсег на температури.

2012 Професионал е3 ДООЕЛ Скопје. Сите права задржани.