Професионал е3

 

Вагарски компоненти

Веќе 60 години HBM е еден од глобалните лидери кој нуди компоненти за индустриско вагарство. Многу корисници ја подариле својата доверба на HBM-овата точност и сигурност на мерните ќелија, вагарската електроника и останатиот прибор.

Мерни ќелии

Во речиси сите области каде што се произведува, обработува и контролира ќе најдете мерни ќелии од HBM (мерни дози, давачи за маса).

Модули за мерни ќелии

Компактни модули за мерење на садови се употребуваат кај мерењето на силоси и садови, за полнење, дозирање и контрола на нивото во различни процеси. Со помош на овој модул лесно ќе обезбедите правилно и безбедно функционирање на вашите ваги.

Платформски мерни ќелии

...модуларен концепт за различни примени на мерењето - едноставно, брзо и сигурно.

Дигитални мерни ќелии

Дигиталните мерни ќелии на основа на мерни ленти се новост во областа на динамичката контрола на мерењето, сортирањето, полнењето и дозирањето.

Вагарска електроника

Нудиме вагарска електроника за сите видови на индустриски платформски ваги, колски или контејнерски ваги. Покрај тоа, нудиме различни електронски системи за автоматизација на процесите, како на пример за контролни ваги, процеси на полнење и дозирање.

Вагарски софтвер

Сите дигитални електроники од програмата на HBM можат да се нагодат преку компјутер со помош на соодветен панел софтвер кој доаѓа бесплатно со секоја електроника! Со помош на софтверот покрај нагодувањето на вагарската електроника можете да извршите и оптимизација на параметрите, дијагностички записи...

Дополнителен прибор

Нудиме широк спектар на дополнителен прибор за вагарство кој ќе ви помогне полесно да го составите системот без да се загрози точноста на мерењето.

 

Сензори / давачи

Давачи за сила

HBM-овите давачи за сила се користат за мерење на статички и динамички, притисни и истегнувачки сили и притоа, речиси и да нема деформација. Понудата, исто така, вклучува давачи за сила кои се прават по барање на корисниците.

Давачи за вртежен момент

Во HBM-овата програма на давачи за момент покрај мерни прирабници и класични давачи за вртежен момент, постојат и неротирачки давачи за мерење на реакциониот момент.

Давачи за притисок

За хидраулична и пневматска опрема, технологија на флуиди, хемиски и производна технологија, опрема за климатизација, прехранбена индустрија, автомобилската индустрија и градежништвото...

Давачи за поместување

За точни мерења во опсег на микрони, како и за едноставно следење на поместувањето во производството и склопувањето или при следење и надзор на градежните работи при изградба на градежни објекти.

Дилатомер

Дилатомер се користи за апликации каде што се мери сила со висок интензитет, за машини за испитување материјали (машина за испитување цврстина), преси...

Давачи за забрзување

Во многу области, забрзувањето е една од клучните големини која се мери. Ние нудиме давачи за забрзување со различен опсег на мерење, како и едноосни или триосни.

HMO - Мерни вратила

TRCpro мерни вратило според вашите потреби за различни апликации за заштита од преоптоварување, дигалки, кранови...

HMU - мерење на сила во јаже

TRCpro системи за мерење на сила во јаже и заштита од преоптоварување дигалки, кранови...

 

HBM софтвер: Професионални решенија за разновидни задачи за мерење

Професионалниот софтвер е клучот на успешното тестирање и мерење. HBM-овите моќни софтверски пакети овозможуваат брзо добивање на резултати. Професионалниот софтвер нуди максимална леснотија на употреба, know-how и проширливост.

HBM nCode софтвер за тестирање на издржливост

HBM-овите nCode GlyphWorks, DesignLife и софтверските пакети за автоматизација поставуваат стандарди во виртуелното тестирање на замор и напон во светски рамки.

HBM nCode GlyphXE софвер за анализа

nCode GlyphXE е моќен софтвер кој обезбедува многу математички функции за професионална анализа на податоци од мерења.

HBM софтвер за мерење (catman® и Perception)

Доколку користите HBM-ов мерен систем за аквизиција како QuantumX и MGCplus, HBM-овиот софтвер за мерење catman® совршено одговара на вашата цел: брза и лесна визуелизација на вашите резултати од мерењето.

Perception софтверот е достапен за корисниците на системите за аквизиција со високи брзини од Genesis HighSpeed фамилијата.

HBM-ов вагарски софтвер: AEDPanel

За динамичко вагарство и други задачи: AEDPanel софтвер за потрошувачите од областа на вагарската технологија.

HBM-ов софтвер за производство: FASTpress Suite

HBM-овиот индустриски софтвер FASTpress Suite одлично ги поддржуваиндустриските засилувачи. Достапни се многу атрактивни FASTpress Suite пакети.

Мерни ленти и прибор

HBM е лидер во производството на мерни ленти повеќе од 60 години.

Палетата на мерни лента кои ги нудиме е многу широка и опфаќа голем број на апликации - од експериментална анализа на напонски состојби до производство на сензори. Покрај тоа, HBM ги нуди сите потребни додатоци и компоненти за инсталација на мерните ленти.

Мерни ленти за експериментална анализа на механички напони

Експерименталната анализа на механички напони никогаш не била полесна.

Мерни ленти за производителите на давачи/сензори

HBM нуди стандардни мерни ленти, како и мерни ленти по ваш избор, со цел полесно да го произведете вашиот давач/сензор.

Оптички мерни ленти

Искористете за предноста која ја нуди мерењето со светлина, а притоа, без потреба да ја напуштите робусноста и довербата во класичната мерна лента.

Лепаци

Лепаци за прицврстување на мерните ленти на површината на примерокот.

Средства за заштита

Средства за заштита на мерните ленти на местата каде што се залепени, со цел да се заштити од надворешни влијанија и да се обезбеди поквалитетно мерење.

Средства за чистење

Средствата за чистење на мерното место пред апликација на мерната лента осигуруваат квалитетно мерење.

Дополнителен прибор

Квалитетот на мерните места не зависи само од мерните лента, но исто така и од типот на апликација и начинот на кој се спроведува.

Систем за мерење на заостанати напони

Носивоста на материјалот зависи од заостанатите напони кои постојат во материјалот, а кои не се видливи. Со помош на методи на дупчење дупки, можно е да се одреди механичка сила. По дупчењето на дупка со дијаметар 1.6mm во испитуваниот дел доаѓа до локална релаксација и притоа, со помош на мерна лента се мери генерираната дилатација околу дупката која е пропорционална со внатрешното напрегање во материјалот.

 

Универзални мерни засилувачи

Секојa задача за мерење е предизвик самa по себе. Без оглед на бројот на мерни места и без разлика какво e вашето искуство, HBM нуди системи за аквизиција и мерење, како и соодветен софтвер кој ќе го покрие речиси секој предизвик.

Системите за аквизиција на HBM се универзални (можат да ги поддржат секој сензор на пазарот), а притоа се многу едноставни за ракување. Искористете го повеќе децениското искуство на германскиот производител на опрема за мерење, во чии производи е вградена врвна точност.

Универзални аквизициони системи

Широк спектар на универзална мерни засилувачи и системи за аквизиција. Од едноставни, преносливи, независни, до PC-базирани сеопфатни системи за аквизиција. Интерфејс за речиси сите сензори и давачи кои денес постојат на пазарот. Со мал или голем број на канали и целосно синхронизирана аквизиција.

Системи за аквизиција со голема брзина

Многу брзи мерења со Genesis HighSpeed семејството. Брзина на снимање податоци до 100 MS /s по канал за среден и голем број на канали. Системот се заснова на модуларна платформа, а може да се преконфигурира според потребата, без оглед дали се работи за еден канал или илјада. Системот е легендарен по едноставноста за користењето, по самото распакување е подготвени за употреба.

Робусни системи за мобилна аквизиција

Робусни, самостојни системи за мобилна аквизиција со софтвер за интелигентно прибирање податоци.

Индустриски мерни засилувачи

Мерни засилувач за контрола на индустриски процеси со интегрирани функции за следење и оптимизација на процесот на производство и склопување. Таму каде што PLC модулите наидуваат на своите граници, индустриски мерни засилувачи од HBM им обезбедуваат поддршка.

Прецизни мерни засилувачи и инструменти за калибрација

Прецизни мерни засилувачи за калибрација, работилници или пробни столови. За многу прецизни мерења, во лабораторија или во производството.

Опто-електрични мерни инструменти

HBM-овите опто-електрични инструменти гарантираат сигурна аквизиција со оптички мерни ленти. Брагова оптичка решетка и нејзина примена при мерењето на механички дилатации со помош на оптички мерни ленти.

 

Индустриски мерни засилувачи

Контрола на индустриските процеси со HBM.

HBM нуди широк спектар на аналогни и дигитални мерни засилувачи, за контрола на индустриски процеси, заштита на машини од преоптоварување, вклучувајќи следење и оптимизација на процесите на производство и склопување, како што се набирање, стегање и слични операции...

Постојат три важни фактори од кои зависи успехот во погонот:

- квалитет

- време

- трошоци.

Системите на HBM за интелигентна контрола на процеситеги носат овие три фактори и на тој начин обезбедуваат ефикасна работа на погонот.

 

2012 Професионал е3 ДООЕЛ Скопје. Сите права задржани.